Одложен концертот на Жељко Јоксимовиќ

Илјадитиот концерт на Жељко Јоксимовиќ кој треба да се одржи денес, на стадионот „Ташмајдан“, е одложен поради можните неповолни временски услови. Оваа информација ја потврди и популарниот контаавтор.

„Штотуку добивме недвосмислена потврда дека утре попладне се очеува силно невреме. Не сакаме да ја ризикуваме безбедноста на луѓето во публиата и поради тоа одлучивме да го поместиме датумот. Новиот термин наскоро ќе биде соопштен. Сите купени карти за концертот на 16.06 ќе важат за новиот датум кој дополнително ќе го одредиме“, изјавил Жељко Јоксимовиќ.

Оваа информација Жељко ја објави и на својот Инстаграм профил.

Scroll to Top