Огњен Амиџиќ чека бебе со новата девојка

Водителот Огњен и неговата девојка Мина ќе станат родители. Парот дознале за ова пред еден месец, но им откриле само на најблиските, а веста сега стигна и во јавност, пишуваат медиумите. Мина е бремена во третиот месец и се очекува да се породи наредната година. Ова е второ дете за Амиџиќ, а прво за неа.

„И двајцата се пресреќни откако ја дознаа убавата вест. Ова само ја комплетираше нивната врска. Огњен едвај чека да добие уште едно дете, а Мина со нетрпение чека да стане мајка“, рече извор близок до нив.

Се огласи и самиот Огњен кој ја потврди веста.

„Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители. Не планиравме сега веста да стигне до јавноста, но кога ќе дојде, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од било кога и едвај го чекаме бебето. Ќе има можност да разговараме за сè во наредниот период, ви благодариме на разбирањето“, рече Огњен.

Неодамна на Инстаграм призна дека би сакал уште едно дете.

„Искрено, навистина, навистина би го сакал тоа, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Ќе ме израдува потполно, ќе ми донесе нова димензија“, рече тој. 

За потсетување со 17 години помладата Мина се запознале и се заљубиле на работа, а нивната врска стана позната откако се разведе од Данијела Димитровска со која долго време беше во брак.

Scroll to Top