Оливер Драгоевиќ: Ако некогаш ми требало помош, тоа е вечерва

Првпат по дијагностицирањето тумор на почетокот на август, Оливер Драгоевиќ запеа во Хрватскиот народен театар во Сплит. Сите во салата ја поздравија хрватската ѕвезда кога излезе на сцената. Тој пред публиката ја запеа „Клуч на животот“ заедно со Џибони на концертот со наслов „Верувај во љубовта“.

Ова е прв настап на Оливер по дијагностицирањето на болеста кога во август му се слошило на погребот на својот пријател музичар Ремиј Казиноти, иако претходно добро се чувствувал.

На концертот сите пееле во еден глас, а Оливер на публиката ѝ рекол: „Ако некогаш ми требало помош, тоа е вечерва. Со вас ќе ми биде многу полесно“. По оваа изјава, тој и публиката во еден глас ја запеаја „Без тебе“. Оливер веќе ги почна хемотерапиите како дел од лекувањето, а одморот го наоѓа во Вела Лука, на островот Корчула, заедно со својата сопруга Весна и децата.

Гледајте го видеото на следниот линк:

Scroll to Top