Популарниот хрватски пејач Оливер Драгоевиќ нема да може да си ја земе наградата за животно дело „Порин“ поради тешката болест. Оливер бил толку исцрпен што не можел да стои ни на нозете, пишуваат хрватските медиуми.
„Би било убаво да сум таму, знам дека и луѓето го сакаат тоа, но мислам дека би ми дошло премногу во оваа фаза на закрепнување. Слаби ми се нозете. Не можам да стојам на нив. Сето тоа е нормално во оваа фаза, терапиите ме ослабеа“, рече Оливер, кој се одмора во својот дом во Сплит.
Кога дозна дека ќе му биде доделена наградата „Порин“, Драгоевиќ рекол дека сака да ја земе лично, но подоцна сфатил дека тоа не е возможно.