Оливер Драгојевиќ се враќа на сцената

Неполни два месеца откако му беше дијагностициран рак на градите, хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ ќе се врати на сцената. Тој на 15 октомври ќе настапи заедно со Џибони, Теди Спалато и Маријан Бан на концертот насловен „Верувај во љубовта“. Концертот е во организација на општинската лига против рак, а по повод 50-годишнината од нивната хуманитарна работа.

Во меѓувреме, Драгојевиќ го започна своето лекување. За еден хрватски медиум изјави:

„Енергијата ми е нормална, не се плашам. Болеста си е болест, секој страда на свој начин и се бори да истрае и да оди понатаму“.

Scroll to Top