Оливер Драгојевиќ неколку месеци се бори со ракот на белите дробови, а по хемотерапијата, првпат јавно прозборе за болеста.
Во изјава за хрватските медиуми, пејачот открива дека се чувствува добро.
„Би се вратил јас веднаш на сцената, но не можам. Во прашање е лекувањето кое и понатаму трае. Здравјето ми е добро. Подобро од претходно, се борам“, рекол Оливер.
Тој деновите ги поминува во својот дом во Сплит, а во болница оди само на лекување. Неговата сопруга Весна неодамна рече дека хемотерапијата била успешна, а дека туморот се намалил.