Веста дека починал легендарниот пејач Предраг Цуне Гојковиќ, ги растажи многумина. Од него се опросија и бројни негови колеги. Лепа Брена е неутешена, и рече дека ќе и недостасува.
Постојат луѓе кои ги познаваш и од нив ќе научиш многу, ќе ги засакаш и паметиш по добро. Ког аќе отидат во некој друг подобар свет, останува една празнина во душата, која само времето ќе ја излечи, а таа празнина со време ја пополнуваш со убави сеќавања на човек кој остави полно убави спомени, низ дружењата, и повеќето негови песни!“, изјави пејачката.
Тажен беше Шабан Шаулиќ, а за Цунета изјави дека бил сјаен.
„Тажно. Еден од најдобрите вокали и легенди, прекрасен човек. Настапивме безброј пати, како на концерти, така и во емисии. Дури и неколку пати се пофали со моја интерпретација баш онака од срце и мене неговите комплименти секогаш ќе ми значат, а последен пат се видовме пред година дена, на снимањето на една новогодишна емисија. Знаев дека има здравствени проблеми, но секогаш се надевав дека некако ќе ги пребродат тие работи. Што да се прави, животот тече и не носи сите нас. За жал, еден по еден, голем великан на народната музика си заминува, а на нас ни остануваат спомените и прекрасните песни кои во животот ги отпеа. Баш ми е жал“, изјави Шабан за „Ало!“.