Ивица Дачиќ, првиот потпретседател на Владата на Србија и министерот за надворешни работи, упати телеграма со сочувство до семејството Предраг Гојковиќ – Цуне, кој почина на 85 годишна возраст.
„Примете го моето искрено сочувство по повод заминување на вашиот сопруг и татко. Цуне на сите ќе ни недостастува и ќе ни остане во памтење како легенда на српската музика со која многу генерации пораснаа и се оформуваа. Ќе ни недостига неговата лојалност, и приврзаност кон публиката која го сакаше и почитуваше, а која несебично даваше“, се наведува во телеграмата.
„Сигурен сум дека со неговите песни и господарски став на сцената, ќе пораснат уште многу генерации на кои ќе им биде пример“, наведе Дачиќ.