По добивањето на старателството, Северина го однесе синот на Малдиви

По двегодишната борба за старателство, хрватската пејачка Северина е на одмор на Малдиви заедно со синот Александар и нејзината  пријателка, фотографката Соња Дворник.

Пејачката објави и кратко видео пред два дена  со нејзиниот син. Тој две години беше под целосно старателство на неговиот татко, Милан Поповиќ, а  од лани веќе е по две недели и со Северина и со неговиот татко.

„Те чувам моја мала љубов. Те слушам додека дишеш и кога не си тука“, пишува Северина.

Неодамна  Александар го прослави 10 роденден, па и тогаш пејачката сподели фотографија за која напиша:

„Поминаа десет година откако за првпат ги видов најубавите очи на светот. И сѐ во овие десет години ми беше лесно, само кога ќе ги погледнев тие очи…“ – напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Scroll to Top