Популарната пејачка Сека Алексиќ доби на подарок пиштол за годишнината од бракот од сопругот Вељко Пиљикиќ. Таа открива дека неодамна добила дозвола за поседување пиштол и дека тоа било нејзина желба, да знае да пука и да оди на стрелиште.
„За годишнината од бракот Вељко ми подари пиштол. Го прашав дали е свесен што направи. Тој се насмевна, а јас му реков дека мора понекогаш да се користи, ако дојде до таква ситуација. Ти си виновен, си го купил“, изјавила пејачката.
Неодамна пејачката на социјалните мрежи се пофали со кокошарник во кој чува десет кокошки и два петли во дворот од куќата во Стара Пазова, кој го доби на подарок од сопругот.
Да потсетиме, Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ на 12 септември 2009 година се венчаа во луксузен ресторан во Белград. На тој ден пејачката облече дури шест венчаници, за што се зборува и денес.