Откако Нада Топчагиќ му пееше на роденден на Ибра, две недели не ја соблекува истата облека

Пејачката Нада Топчагиќ пред две недели беше специјална гостинка на роденденот на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ. Пејачката возбудена од прославата не се пресоблекла веќе две недели, пишуваат српските медиуми. Наводно, таа се појавила на еден јавен настан во истата модна комбинација во која била на роденденот. Сменила на себе накит. Во иста облека Нада се појави во три емисии на „Гранд“ телевизија и во две емисии на „Пинк“.

Самата пејачка призна дека не се пресоблекла и дека на планира тоа да го направи во блиска иднина.

„Тоа го може само Надица, лудило. Сè уште не се пресоблеков, ниту планирам. Тоа го допре Ибро и не планирам да се пресоблекувам и да го перам“, реле Нада во емисијата на  „Амиџи шоу“. Дека не се шегува таа покажа и тоа кога во следното телевизиско гостување се појави во истата облека.

 

Scroll to Top