Еден од најпопуларните пејачи на народна музика во регионов е секако Саша Матиќ. Саша и неговиот брат Дејан буквално владеат со фолк естрадата во регионот и со своите моќни вокали и хитови воодушевуваат милионски аудиториум.
Браќата близнаци Саша и Дејан Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дравара како здрави, но прерано родени момчиња, чии родители Зоран и Драгица морале да ги сместат во инкубатори во загрепска болница.
Од непотврдени причини, двете бебиња по само неколку дена од раќањето во болница ослепеле, а тој недостаток им е надоместен со извонреден музички талент, поради кој веќе со години се меѓу најпопуларните пејачи во Србија.