„Ова е злосторство за детето“, Ќеба загрижен за синот на Северина

Драган Којиќ Кеба вчеравечер присуствуваше во емисијата „Твоето лице звучи познато“ каде во еден момент изјави дека има потреба да им се обрати на гледачите.

Темата очекувано беше што судијката Теа Голуб вчера во текот на денот во општинскиот граѓански суд во Загреб донесе одлука привремена мерка со која се одлучува детето да живее со Милан Поповиќ (54) кој самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на детето, наместо тоа да го прави Северина Којиќ (47).

„Злосторство и преседан е по седум години да се одземе дете и на таа војна да се нанесе штета врз детето бидејќи детето кога доволно ќе порасне лесно ќе одлучи со кого и колку време ќе му посвети. Ќе се реши тоа мал Александар и пред време ќе станеш голем Александар. Ја видов и почувствував таа мудрост во неговите искрени детски очи. Ќе даде бог ќе биде се ОК, вели Кеба во видеото на кое зборува како секогаш го поддржува Северина“.

Scroll to Top