Оваа прегратка ме направи човек: Северина објави емотивни фотографии со мајка си

Северина сподели емотивна фотографија со својата мајка, а и посвети и објава на социјалните мрежи.

„Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, нејзиното срце ми всади храброст, а нејзината поддршка сигурност…а, нејзиниот став  достоинство.  Мама е моето најбезбедно прибежиште“, напиша таа покрај фотографијата на која позира во прегратките на нејзината мајка.

Северина моментално е во својот роден град Сплит каде поминува време со семејството и пријателите.

Не крие колку е блиска со мајка си Ана, која била со неа во најтешките моменти од животот.

„Ова е мојата мајка, „кој и да ја сретне, сите ја сакаат – весела, агилна, луцидна, духовита, да не зборувам.. И сите нејзини 82 години. Кога не беше дома, тоа беше куќа без срце. Во најтешките моменти во мојот живот, таа секогаш беше брилијантно прецизна“, напиша Северина еднаш, а на големиот концерт во Загребската Арена во 2019 година од сцената извика: „Мамо!“

Scroll to Top