„Парни ваљак“ бара замена за Аки

Хрватскиот бенд „Парни ваљак“ бараат привремена замена за својот пејач Аки Рахимовски, кој заздравува од мозочен удар. Тие не откриваат кој би можел да го замени Аки на идните концерти, ноова ќе биде првпат од основањето на групата во 1975 година, друг да ги пее неговите песни. Бендот ќе го има првиот настап без Аки на 17 мај.

„Аки во нареден период нема да настапува. Тоа е само од претпазливост. Добро напредува, но не сакаме да го оптоваруваме“, рекол менаџерот на групата, Дино Бахтијаревиќ за хрватските медиуми.

Рахимовски е еден од основачите на групата и беше вокал на сите 18 студиски албуми. Во почетокот на минатиот месец, тој имаше мозочен удар и иако заздравува, сè уште постои можност да оди на операција.

„Татко ми сè уште се лекува и одмора. Нема да биде подготвен за настапи уште некое време, но сите се надеваме дека ќе се врати на сцена“, рекол неговиот син Кристијан.

Scroll to Top