Почесениот претседател на Социјалистичката партија на Србија и српски политичар Милутин Мркоњиќ – Мрка е приклучен на респиратор, откако му се влошила состојбата. Тој е сместен во Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ веќе подолг период поради проблеми со срцето и крвните садови, пренесуваат српските медиуми.
Вчера „Дедиње“ соопшти дека неговата состојба е сериозна, а лекарите ги преземаат сите неопходни мерки за интензивно лекување. Според нив, се наоѓа во критична здравствена состојба, поради опуштање на срцевиот мускул. Тие додаваат иако прима соодветна терапија, сепак нема подобрување.
Партнерката на Мрка, Ана Бекута, е многу загрижена за него, а со неа се и нејзините внуци кои ја охрабруваат пејачката дека сè ќе биде во ред.
„ Ана е со него, но и внуците кои ја поддржуваат, иако е свесна колку е тешка ситуацијата“, изјави близок извор.
View this post on Instagram
За потсетување, тој на почетокот на месецот заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што му беше поставен пејсмејкер. Во август ги оперираше срцевите залистоци, со нов метод, преку препоните.
На почетокот на годината Мрка беше во болницата „Драгиша Мишовиќ,“ но тогаш тестовите покажаа дека тој е негативен на Ковид-19.
„Немав корона, но ме задржаа бидејќи ми најдоа лузни на белите дробови. Имав воспаление на мочниот меур, а промените во белите дробови не се последица на короната“, изјави тогаш тој.