Иако досега главно објавува фотографии и снимки од лудите журови, јахтите, егзотичните дестинации или во разни провокативни бикини, Каја на посетителите овој пат им сподели нешто сосема друго.
Ги потсети на тоа како изгледала кога била мала, а со фотографиите го напиша следното:
„Секогаш ценете го детето во себе. Мало е“.
Каја денеска е мајка на прекрасната ќерка Николина, има 33 години, а судејќи според фотографиите од детството, изразот и обликот на лицето, таа воопшто не е променета и целосно е препознатлива.