Пејачката Каја Остојиќ на 38 години ќе се мажи четврти пат

Српската пејачка Каја Остојиќ (38) на лето ќе се мажи со хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ (31). Ова ќе биде четврти брак на пејачката, пишуваат медиумите.

Пејачката и фудбалерот веќе купиле стан во Амиен во Франција за 1.250.000 евра, а купиле и куќа на Космај за 350.000 евра.

Извор за српските медиуми изјавил дека Каја и Матео веќе три години живеат во Франција. Тој наведува дека лани тие се преселиле во Амиен, гратче во близина на Париз, каде што Матео настапува за истоимениот клуб.

Пејачката пред една година изјави дека отсекогаш сонувала да живее во Франција.

„Имавме среќа да земеме стан во импозантна зграда од 18 век. Пресреќна сум што живеам во толку убава зграда“, вели Каја.

Каја на 19 години се омажи за Никола Драгојловиќ и ја доби ќерката Николина. Потоа, во 2009 година се омажи за кошаркарот Урош Дувњак, а се разведе на крајот на 2010 година. Во 2014 се омажи со диџејот Џуниор Џек од кого се разведе во 2019 година.

Scroll to Top