Пејачката на „Гранд“ Јелена Гербец вторпат се разведува од истиот маж

By

Пејачката Јелена Гербец, која се прослави со учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, вторпат се разведува од тапанарот Владан Ѓорѓевиќ. Тие се венчаа 2016 година, а по три години се разведоа. Една година потоа решија да ја си дадат уште една шанса. Српските медиуми сега пишуваат дека парот е пак пред развод, откако двајцата ги избришаа заедничките фотки од социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Владан и Јелена имаат две ќерки. Постарата Софија се роди веднаш по нивната свадба, а откако се разделија рекоа дека ќе останат во пријателски односи поради ќерката. Откако се смирија, добија уште едно дете, ќерката Анѓелија.

„Ние се разведовме судски, но и понатаму бевме венчани во црква, а јас само тоа пред Господ и го признавам“, изјави лани Јелена во интервју за српски портал и додаде дека воопшто не се кае што пак се омажила со Владан.

 

Ќе ви се допадне