Публиката постојано има можност да ја гледа српската пејачка Рада Манојловиќ дотерана и средена. Но, овој пат пејачката се одлучила да покаже како изгледа кога ќе се исклучат камерите и рефлекторите.
Многу јавни личности секогаш се максимално дотерани и средени во јавност, но има и такви кои не се трудат премногу, па на фановите им покажуваат фотографии од моментите кога се во целосно опуштено издание.
Рада на инстаграм-профилот сподели со фановите фотографија на која е без ронка шминка, со подочници и облечена во тренерки.