Пејачки и должеле пари на Марина Туцаковиќ, ама го одолговлекувале плаќањето пред да почине

Марина Туцаковиќ која почина по долго и тешко боледување беше погребана во семејната гробница покрај нејзиниот син Милош, според нејзината последна желба.

Според српски извори, Марина зад себе оставила тестамент во кој е нејзиното наследство од музички дела, но и одредени имиња од музичката сцена за кои не сакала да слушне.

„Марина долго време беше болна и за време на нејзините третмани имаше време да размисли за се’ и да работи на бројни текстови за многу пејачи, со помош на нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ. За време на борбата против ракот, таа напиша и тестамент, бидејќи нејзината здравствена состојба варираше од ден на ден. Покрај пријателите и семејството, Марина во својот тестамент споменува бројни пејачи за кои работеше на нивните текстови во последните години, каде што посочи дека е разочарана од некои, и дека многу текстови останале недовршени, бидејќи им забележувала.

Како што и самата јавно рече  непосредно пред нејзината смрт, додека беше во полна сила, многумина ја викаа и бараа кариера, а во последните месеци ги снемало, што предизвика револт кај легендарниот текстописец“ – вели извор близок до Марина Туцаковиќ, и додава: „Многу пејачки и должеа огромни суми пари за текстовите, и го одолговлекуваа плаќањето, а од друга страна, јавно тврдеа дека се добри со неа и ја поддржуваат, како ништо да не се случува. Марина никогаш не сакаше тоа јавно да го каже“,  додава нашиот извор.

Scroll to Top