Пејачот Милутин Сретеновиќ од „Никогаш не е доцна“ пронајден мртов во хотелска соба

Пејачот на бендот „Мостар севдах реунион“, Милутин Сретеновиќ, во петокот бил пронајден мртов. Тој бил пронајден во неговата хотелска соба во Макарска, откако со неговиот бенд одржале концерт. Тој откако ја испеал последната песна, не сакал да вечера со другите и си заминал.

„Шокиран сум, загубивме прекрасен човек и врвен уметник. Се разбира, ги прекинуваме концертите на „Мостар севдах реунион“.  Во саботата требаше да се одржи концерт во Шибеник, а денес во Трогир“, изјавил продуцентот на концертот Томислав Кашљевиќ.

Томислав рече дека откако Сретеновиќ ја испеал последната песна „Чудна беда од градот Мостар“, се повлекол во хотелската соба и дека не сакал да вечера пишува „Аваз.ба“
.

Неговиот цимер, тапанарот Сенад Трновац, следниот ден по појадокот се вратил во хотелската соба и го нашол Срета. Тој повикал брза помош, која кога пристигнала констатирала смрт.

Срета е познат и по неговото учество во популарната емисија „Никогаш не е доцна“. Тој беше член на бендот „Мостар севдах реунион“ од 2016 година.

Scroll to Top