Пејачот Слоба Радановиќ спречи маж да се фрли од мост во Белград

Српскиот пејачот Слоба Радановиќ спречил маж да скокне од Панчевачкиот мостот во Белград, пишуваат локалните медиуми.

Според „Телеграф“, средовечен маж денеска околу 16 часот се обидел да скокне од мостот. Во тоа време со кола преку мостот поминувал Радановиќ, кој го видел мажот како се спрема да скокне во реката. Слоба застанал, му пришол од зад грб и го турнал на земја.

„Сè се заврши многу брзо. Човекот застана со колата, му пријде на мажот што сакаше да се самоубие и го турна на земја. Го спаси. Подоцна сфативме дека е пејачот од Гранд“, рекле очевидци за „Телеграф“.

Не е првпат Радановиќ да помогне некому во неволја. Медиумите лани пишуваа дека Слоба исфрлил маж од теретаната кај што вежбал, откако слушнал викање и видел дека мажот со тупаници удира вработена во клубот.

 

Scroll to Top