Песните од новиот албум „Мила” на Самарџиќ ќе одекнуваат на Античкиот Театар во Охрид

Еден од најголемите балкански романтичари, извонредниот Жељко Самарџиќ за прв пат ќе настапи на Античкиот Театар во Охрид, со неколкучасовен концерт под отворено небо.

Концертот ќе се одржи на 05-ти август 2017, сабота.

Жељко вчера го промовираше својот нов албум, како и истоимената песна “Мила”, заедно со нејзиниот спот кој ги остави буквално сите без здив.

Самарџиќ е подготвен пред македонската публика да ги испее хитовите кои што ја одбележаа неговата кариера, како и неговите понови песни од новиот албум “Мила”, кој беше пропратен само со позитивни коментари од страна на неговите многубројни фанови, едноставно љубов на прво слушање.

Билетите за овој незаборавен спектакл под отворено небо, може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Југотон, Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.

Scroll to Top