Петар Грашо доаѓа во Скопје: Голем концерт на хрватскиот пејач

На 18 мај хрватската ѕвезда Петар Грашо ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. Концерторт е во Арената „Борис Трајковски“ каде ќе ги отпее своите најголеми хитови. Организаторите „Прагма продукција“ најавуваат голем музички спекткал. „Последниве неколку години Петар Грашо е убедливо најбараниот и најпопуларен изведувач на овие простори. Неговите безвременски хитови се слушаат буквално од Вардар до Триглав и поради тоа воопшто не се двоумевме кога се решивме да го организираме концертот. Интересот е огромен. Очигледно публиката е желна за квалитетна музика, бидејќи пандемијата си го направи своето“, велат од „Прагма“. Влезниците се веќе пуштени во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, потоа Розе Веро 2 и Југотон.

 

Scroll to Top