Познатиот хрватски пејач Петар Грашо и неговата 14. години помладата девојка Хана Хуљиќ ќе се венчаат на 19 февруари во Сплит, објави хрватскиот портал Индекс. Иако тие требаше да се венчаат на пролет, сепак парот реши да ја направат венчавката малку порано од планираното.
Свечената свадбена церемонија ќе се одржи во црквата Свети Франциско во Сплит, на која ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството и пријателите, а меѓу гостите има и неколку јавни личности од балканската сцена.
Кума на Хана ќе ѝ биде нејзината добра пријателка Доменика Жувел.
За потсетување, тие неодамна ја потврдија веста дека наскоро ќе станат родители.
„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да ни останат приватност“, изјави тогаш Хана.
Таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ, ја благослови врската меѓу својата ќерка и пејачот, па истакна дека е горд што наскоро ќе стане дедо.