Петар Грашо: Не им се лутам на медиумите кога пишуваат за мене и Хана заради кликови, тоа се правила на играта

Откако во медиумите беше објавено дека се во љубов Хана Хуљиќ и Петар Грашо не престануваат да ја интересираат јавноста. Постијано се зборува за нивната претстојна венчавка и бременоста на Хана која таа неодамна ја потврди. Хана која е во четвртиот месец од бременоста неодамна објави фотографија со нејзината кума Доменика Жувела која долги години и е најдобра пријателка и ова беше доволна причина повторно во медиумите да се зборува за тоа дали и кога ќе се венчаат Грашо и Хана.

На прашањето за љубовта со Хана, Петар Грашо вели: „Отсекогаш сум бил многу тивок и многу се пишувало за мене. Ќе останам доследен на тоа. Тотално го почитувам тоа и воопшто не им се лутам на медиумите. Јас ги разбирам медиумите кои се занимаваат исклучиво со една работа – бројот на кликови на одредена статија. И тоа е нормално за мене, тоа се правилата на игра. Ќе останам верен засекогаш на мојот став, а тоа е дека пристојно ќе го чувам приватниот живот, ќе се трудам да не ја замарам публиката со тоа, но подеднакво ќе ги почитувам медиумите и никогаш нема да се расправам со нив бидејќи некои работи им се интересни.  Не можам да кажам дека се она што го пишуваа медиумите беа неточни информации, само поради огромната желба, но и заради недоволно информираност почнаа да ги „џвакаат“ вестите. Некогаш не можеме да стигнеме да прочитаме сè. Се трудиме да се дистанцираме, да си го живееме животот нормално, да го правиме се она како сите и да бидеме нормални луѓе“, откри неодамна Петар Грашо.

За бременсота на Хана пак со радост зборува Тончи Хуљиќ.  „Се е нормално, Хана е бремена, таа е во четвртиот месец од бременоста и се надевам дека бебето ќе биде живо и здраво. Сите наши молитви се насочени кон тоа и се однесуваме нормално, нема тука ништо историско“, изјави тој за Story.hr.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Scroll to Top