Петар Грашо прележал коронавирус

Хрватскиот пејач Петар Грашо пред речиси еден месец се заразил од коронавирусот, но сега е добро. Дека бил болен од Ковид-19, Грашо потврди за „Слободна Далмација“, но не кажал како се справил со болеста.

„Тоа беше пред три недели. Имав благи симптоми, така што немам што да кажам“, рекол тој во кусата изјава.

Пејачот последните месеци ги откажа речиси сите настапи, а на својата официјална веб-страница напиша дека здравјето е приоритет во моментот. Откако почна пандемијата на коронавирусот, популарниот пејачот настапи на празен перистил, по повод празникот Свети Дуе.

„Јас сум дете на Сплит. Сплит е мојот дом, без оглед на тоа што минав многу малку време во него последните дваесет години. Како што обично се случува, разни околности диктираат поинаков животен план, така се случи еден од најчудните и на некој начин најубавите концерти во мојата кариера, а сепак концерт без ниту една личност во публиката“, рече тогаш Грашо.

Scroll to Top