Писателката Ведрана Рудан (71) на својот блог напиша дека се развела од поранешниот сопруг по 30 години брак и дека таа одлука ја донела откако поминувале по 24 часа на ден заедно за време на карантинот. Тогаш сфатиле дека имаат различни интереси и дека не треба да се веќе занедно. Ведрана вели и дека ќе се мажи следната недела, за човек кој е 16 години помлад од неа.
„Еден ден рекоа, нема корона. Отидов во град и купив седум чанти и приврзок за клучеви, рачно изработен, во форма на чанта. Тој се изнервира. Ми рече дека страдам од ‘торбатитис’. Мојот, фала му на Бога, сега веќе поранешен сопруг, секогаш беше духовит кога требаше да ме исмева. Реков: ‘Доста! Доста ми е од тоа стално да одиш на прегледи, пукаш од здравје, човеку. Наместо да ми се посветиш мене, деновите ги поминуваш во приватни клиники. Мајмун еден, ти си единствениот во градот кој има попуст на приватна клиника“. Потоа тој се пресели во куќата на неговите покојни родители, а јас останав во нашата“, напиша Рудан во нејзиниот блог.
Писателката откри и дека нејзиниот иден маж е 16 години помлад од неа, и дека на 22 јуни ќе се омажи за него.
„Мојот иден сопруг е сосема поинаков човек. Тој е шеснаесет години помлад од мене. Сите мажи постари од мене се или мртви или неподвижни или чекаат во приватни клиники на состанок за да ги сменат двата колка. А тој е полн со живот. Овој вторник ќе се венчаме во паркот во Опатија, веднаш до црквата. Не кажувајте никому. Тој ќе ги има на нозе оние пурпурни чевли што му ги купив, му купив и костум, а јас ќе бидам во црна венчаница што ќе одговара на неговата кошула“, напишала писателката.