Писмо на Албанец од пред две години ја трогна цела Србија

Пред две години еден Албанец напишал писмо до Србите. Поради зборовите кои тогаш ги ставил на хартија, добил лавина позитивни коментари кои докажале дека полека овие два народи почнуваат да ги разбиваат предрасудите и меѓунационалните бариери.

Авторот тогаш сакал да остане анонимен, и така останало до ден денешен. Се претставил како роден Албанец кој од детството живее во Белград. Како што изјавил, згрозен е од некултурата, хомофобичноста и глупоста кои Албанците и Србите ги разменувале меѓусебно, па испратил писмо кое било објавено на фејсбук-страницата Charles Cater.

Понекогаш дури и се срамел.

Зашти страстите меѓу Албанците и Србите не се смируваат, пишува  во ова писмо. Тоа е одлична лекција за сите нас како би требало да биде и како би требало да постапуваме.

Моето име е С***, и јас сум Албанец кој живее во Белград. Да, поторувам, Албанец, но нема да Ви кажам ништо што може да Ве навреди Вас како личност. Бев потикнат да напишам писмо кога го видов видеото ‘Љубовно писмо’ на Вашиот профил. Ми беше срам кога видов колку омраза, хомофобичност и нетрпеливост постои меѓу Србите и Албанците.

Јас сум роден и пораснав во Белград, во главниот град на нашата преубава Србија. Бев одгледан во либерално опкружување и бев научен да ги почитувам разликите и многуте различни етнички групи во Србија. За жал, Албанците на Косово пораснаа на поинаков начин и единствено што тие го научија е омразата кон Србите.

Целиот живот сум опкружен со разни народи. Не само со Срби, туку Босанци, Хрвати, Чеси и Словенци. Србија е земја со разни народности, можеби дури и со најмногу етнички народи. И сосема одлично функционира.
Не можам да верувам колку количина омраза имаа Албанците кон Србите и Србија. Убеден сум дека Косово би можело да биде популарно и поубаво место за посета кога малку би го спуштиле гардот. И тие можат да бидат интересни и живописни затоа што имаат долга историја.
 Имам идеја за вас. Зошто не сте толку во „љубов“ со Албанците, ви предлагам малку да истражите повеќе и да го насочите вашиот „објектив“ на другите етнички групи во Србија. На тој начин никој нема да може да ви каже дека сте само заинтересирани за Србите и нивните обичаи. На тој начин ќе покажете дека сте заинтересирани за секој аспект од вашиот живот во Србија, во кој исто така постојат и други етнички групи и други обичаи.
Многу луѓе кои ве следат на „Јутјуб“ се заинтересирани повеќе или помалку да ја посетат Србија. Но, тие исто така знаат дека ова е етнички разнородно место и не се осмелуваат да прашаат за демократија.
Се надевам дека нема да го злоупотребите мојата порака не е-пошта поради ова и дека ќе мислите за реализација на идејата. Можеби некогаш ќе отидеме на кафе. Така би бил воодушевен да бидам пријател со еден амбасадор во Србија каков што сте Вие.
Поздрав.
Scroll to Top