Писмо оставено на моторот на Небојша Глоговац пред неговата зграда

Пред зградата каде живееше сега веќе починатиот српски актер Небојша Глоговац, стои паркиран мотор, неговата омилена играчка, а минувачите на него оставаа бела ружа, палеа свеќи и ја изразуваа својата тага.

Тажната слика беше комплетирана и со порака на моторкот оставена од Наташа, а на која беше напишано следното:

„Нека те чуваат анѓелите, а ти чувај ги своите деца“.

Освен тоа, денеска и на самиот влез во зградата во која Небојша живееше, непознат господин остави бела ружа.

Српскиот актер почина на 49 годишна возраст во Белград, по кратката борба со болеста. Зад себе остави три деца, од кои најмладата ќеркичка Сунчица има само 16 месеци, а која ја доби со невенчаната сопруга Милица Шчепановиќ.

 

 

Scroll to Top