По 22 години Поповиќ го напушти „Гранд Специјал“ среде сезона

По 22 години работа во „Гранд“, Саша Поповиќ за првпат го напушти снимањето на шоуто среде сезона и замина на Малдивите. Поповиќ замина на годишен одмор, каде ќе ја прослави 24 годишнината од неговиот брак со Сузана Јовановиќ. Тој и го отавил водителското место на Воја Недељковиќ и Сања Кужет.

Поранешниот продуцент и ко-сопственик на „Гранд“, кој сè уште е задолжен за „Ѕвездите на Гранд“ и „Гранд специјал“, вели дека не отсуствал повеќе од две децении од снимањата. Сега за првпат се согласил на вакво нешто сакајќи да и ја исполни желбата на сопругата.

Српските медиуми пренесуваат дека покрај Сузана на ваквата одлука многу влијаеле и Лепа Брена и Јелена Карлеуша.

Scroll to Top