По борбата за живот Дарко Лазиќ ќе стане татко

Српскиот пејач Дарко Лазиќ по тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа, ќе стане татко по втор пат, вели извор близок до семејството. Ваквата информација неодамна ја потврди и мајката на пејачот, Бранка.

Во изјава за медумите Бранка првично ја демнатираше информацијата дека нејзиниот син повторно ќе стане татко, но сега откри дека Марина е во третиот месец во бременоста и дека сите во семејството се пресреќни.

„Марина среќната вест му ја соопшти на Дарко во вторникот. Тој во исто време се смееше и плачеше. Поубава вест не можеше да слушне. Сигурно тоа му дава сила и ветар во грб за да се бори за побрзо закрепнување“, вели изворот.

 

Scroll to Top