По два сина, Ивица Костелиќ чека близначки

By

Некогашниот хрватски скијач Ивица Костелиќ повторно ќе стане татко. Неговата сопруга Елин е третпат бремена, и овој пат носи близначки. Популарната двојка веќе има два сина, 5-годишниот Иван и Леон (3).

„Целото семејство е пресреќно, едвај чекаме да се родат девојчињата“, открила неговата мајка Марица за хрватскиот магазин „Стори“.

Ивица и Елин се во брак од 2014 година. Елин, која и самата е поранешна скијачка од Исланд, во едно скорешно интервју изјавила дека Ивица е прекрасен татко и дека синовите го обожаваат, но и тој нив.

„Не е строг, ама има поставено цврсти граници, па Иван и Леон знаат што смеат, а што не“, раскажала таа во интервјуто.

 

Ќе ви се допадне