Во 90-тите години на минатиот век командантот и политичар Жељко Ражнатовиќ Аркан и фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ беа во центарот на медиумското внимание.
Покојниот сопруг на Цеца во тој период го поврзуваа со најразлични криминални дела, па токму затоа нивниот брак беше интересен за јавноста.
Тие се запознале преку пејачот Оливер Мандиќ во 1993 година на една прослава, каде Цеца веднаш паднала на шармот на Аркан.
Се венчале во 1995 година и нивната свадба е прогласена за свадба на векот, каде се собрала целата естрада и многу други значајни личности од јавниот живот.