По смртта на Рајко Дујмиќ прекинат спорот за името „Нови фосили“

Судот во Загреб ја прекина постапката што Рајко Дујмиќ ја започна против тројца членови на „Нови фосили“ за веќе да не го можат да го користат името на групата. Постапката прекина автоматски, бидејќи тужителот, Рајко Дујмиќ. почина неодамна, а никој не се јавил да ја продолжи постапката во негово име.

Дујмиќ пред неполна година поднел тужба против Сања Долежал, Владимир Кочиш Зек и Маринко Колнаг, тврдејќи дека немаат право да го користат името „Нови фосили“ откако го исфрлиле од групата. Тој бил исклучен од групата во 2014 година, а другите членови продолжиле да настапуваат под познатото име до февруари годинава. Потоа, судот им забранил да го користат името додека трае постапката.

За потсетување, Рајко Дујмиќ почина на 4 август по сообраќајна несреќа во која излета од патот, откако неколку дена претходно беше во кома. На погребот, иако скарани, дојдоа останатите членови на „Нови фосили“.

„Нови фосили“ е југословенска и хрватска група основана 1969 година. По распадот на СФРЈ, групата се расформирала, но потоа членовите во 2005 година ја возобновиле. Бендот денес сè уште постои, но без ниеден од првичните членови.

Scroll to Top