Сара Вучелиќ, позната како Сораја, по сообраќајната несреќа што ја доживеа во Албанија не сака да открие каде се наоѓа и во која болница се оперира затоа што ја прогонувал бившиот, пишува српски Курир.
По наводите дека се бори за живот, нејзина другарка откри дека таа е добро и дека ја чека уште една интервенција со локална анестезија, но е принудена да не открива многу детали затоа што бившиот веќе со месеци ја прогонувал.
Во прашање е бизнисмен кој е оженет. Држел клуб во странство и кај него гостуваат голем број пејачи и пејачки од земјата и регионот. На Сораја ѝ давал сè што ќе посакала. Ѝ организирал роденден во Истанбул, за кој наводно потрошил 120.000 евра.
Во октомври минатата година двајцата биле исфрлени од кафеана во Македонија, а летово папараците ги фотографирале го луксузен комплекс во Црна Гора.