По страшните трагедии во Србија, прекинато емитувањето на Задруга на Пинк телевизија

Реалното шоу „Задруга“ веќе не се емитува на „Пинк“ телевизија по страшните трагедии кои изминатиот период ја погодија земјата. На социјалните мрежи се објавени и видеа од учесниците кои велат дека сега чекаат на одлука од продукцијата.

По страшните трагедии кои се случија во основното школо „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде тинејџер уби неколку ученици и чуварот, како и несреќата во околината на Младеновци и Смедерево, прогласена е тридневна жалост во земјата.

Телевизиите ја прилагодија програмата за деновите на жалост, а Евровизија нема да се емитува на Првиот канал на јавниот сервис. Прекинат е и преносот од Шимановци, каде во Белата куќа престојуваат учесниците од „Задруга“.

„Пинк“ соопшти дека преносот од шоуто ќе се одложи и оваа недела, откако на социјалните мрежи се појавија видеа од Куќата на кои се слушаат учесниците како разговараат.

„Чекаме да видиме што ќе ни кажат и дали можеби ќе треба да си заминеме дома“, рече Милица Веселиновиќ, додека Ана Спасојевиќ рече дека и рекле дека треба да почнат да се пакуваат и да си заминат.

На „Инстаграм“ е објавено и видео на кое се слуша како Анита вели дека Марија Кулиќ веќе излегла и дека е во Ниш со семејството, додека тие чекаат да видат што ќе се случи. Објавено е и видео на кое Ѕвезда Славниќ ѝ зборува на Анџела Џуриџиќ да внимава како се однесува кога ќе се вратат на екраните, затоа што надвор било хаос.

Продукцијата на „Задруга“, односно „Пинк телевизија“, засега се нема огласено по повод евентуалното прекинување на „Задруга 6”.

 

Scroll to Top