Поранешниот учесник и победник на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Махир Мулалиќ имал итна операција на увото.
„Пред неколку години почнав да имам проблеми со слухот на левото уво. Го контролирав одвреме-навреме, но не беше ништо опасно“, изјавил Махир за „24 седум“.
„За жал, се појави полип за кој најдобро решение беше итна операција. Така, ден по операцијата бев пуштен на домашна нега, следните десет дена, а потоа почнуваат моите настапи, па едвај чекам оваа рана да зарасне и да се вратам таму каде што припаѓам, а тоа е сцената“, изјавил Мулалиќ.
Тој на својот Инстаграм профил објави слика на која се гледа дека главата му е во завои со што ги загрижи обожавателите.
Инаку Махир Мулалиќ беше победник во 2021 година на „Ѕвездите на Гранд“.