На 79-годишна возраст, вчера (20 септември) во Истанбул почина турскиот актер и режисер Ферди Мертер или попознат како Хулси Ипликчи од хит-серијата „Вљубениот ерген“.
Тој го играше дедото на Омер, а целата приказна во серијата се одвиваше околу неговото наследство.
На социјалните мрежи актерската екипа од серијата се прости од својот колега објавувајќи фотографии од сцени од серијата.