Почина актерот Ратко Полиќ, еден од најпочитуваните во бивша Југославија

На 81 година почина словенечкиот театарски и филмски актер Радко Полиќ. Тој беше актер кој создаде повеќе од сто театарски, над педесет филмски и десетици радио улоги.

Списокот на неговите улоги, по кои ќе остане во меморијата на публиката и слушателите, е навистина долг и непроценлив. Најпознат е по улогата на капетан Дитрих во „Балкан експрес“:

Полиќ беше и еден од најпочитуваните филмски актери и во Словенија и во земјите од поранешна Југославија.

Тој е роден за време на Втората светска војна во Чрномље. Дипломирал на отсекот драмски и уметнички говор на АГРФТ во 1965 година.

 

Scroll to Top