Босанско-херцеговскиот актер Александар Саша Петровиќ почина денеска во Сараево, а веста на Фејсбук ја потврди режисерот Срѓан Вулетиќ. Во 2021 година, Петровиќ се повлече од актерството поради сериозни здравствени проблеми. Александар Саша Петровиќ е роден на 2 јануари 1962 година во Сараево. Глумеше во 15 филмови и две серии.
Тој стана познат по настапот во култната сараевска претстава „Аудиција“. Во регионот пак беше познат по неговата улога Чаки во филмовите за Лепа Брена. Играше и во популранната серија “Луд збунет нормален“.