Почина глумецот Зоран Ранкиќ познат како Попара од Среќни луѓе

По долго и тешко боледување на осумдесет и четиригодишна возраст, денеска во старски дом во Белград почина актерот Зоран Ранкиќ. Ќе остане запаметен по многу улоги, но најмногу по улогата Попара во серијата „Среќни луѓе“.

Една од неговите најистакнати улоги е и улогата на Никола Калабиќ во мини серијата „Последен чин“. Во својата богата кариера оствари преку сто филмски и телевизиски улоги, а имаше и бројни улоги и во театарот.

Тој објави и неколку збирки на песни, пишуваше аформиз, како и драмски дела, а добитник е и на неколку награди за својата книжевна дејност.

Scroll to Top