Почина ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ: Не успеавме, сонце мое

Ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ (67) починала во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.

„Со неизмерна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Ти беше мојот скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, голем музички талент, хумор. Ни го направи животот среќен, полн со љубов. Лошата болест демнеше, но заедно ја совладувавме. Овој пат беше посилна, не успеавме, сонце мое и драгиот Бог те зеде кај себе во својата прегратка, кон небеските височини, sвездите а, на твојата неутешна мајка ѝ остави најдлабока тага. Твоето повторено стотици пати ‘мамо, те сакам’ ќе одѕвонува во моето срце засекогаш. Почивај во мирот Божји, најмила моја Ива“, напиша  хрватска пејачка.

Scroll to Top