Една од најголемите српски актерки на сите времиња Милена Дравиќ, почина ноќеска во Клиничко-болничкиот центар на 79 годишна возраст, потврдија од Здружението на драмските уметности на Србија.
Милена таму се лекуваше, а лекарите велат дека последните денови биле критични и лоши за неа. Направиле се за да ја излечат, но на крај велат дека немало спас.
Филмската, театарската и телевизиската актерка важи за една од најголемите диви на поранешна Југославија.
Пред две години Милена остана без својот сопруг Драган Николиќ, и од тогаш таа се бореше со болеста. Во брак со актерот Драган Николиќ беше четири и пол децении. Ова лето беше промовирана монографија за неа.
Милена Дравиќ е родена на 5. октомври 1940-та година во Белград.