Почина Оливер Драгојевиќ

Утрово во 5 часот во болница во Сплит почина музичката легенда Оливер Драгојевиќ. Пејачот имаше 71 година. Тажната вест за смртта на Оливер ја соопшти неговото семејство.

Драгојевиќ зад себе остави бројни музички записи и имаше милиони обожаватели на просторите на поранешна Југославија.

Тој почина една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Scroll to Top