Пејачот на популарната српска група „Дивљи кестен“ Игор Старовиќ почина по кратко боледување на 56 години.
Игор помина десет години во бендот „Дивљи кестен“ каде што беше пејач, композитор и аранжер. Групата е формирана во 1992 година за време на војната и веднаш стана миленик на публиката. Сними пет албуми и зад себе остави големи хитови. Групата беше многу популарна, одржа илјадници концерти низ Србија и во регионот и освои бројни музички награди.
Пред неполна година Игор и групата „Дивљи кестен“ ја добија наградата „Белградски победник“ за придонес и зачувување на традицијата во забавната музика.
Старовиќ по образование беше дипломиран археолог и оваа страст ја негуваше до крајот на животот. Заедно со музиката и археологијата негова голема љубов била и кошарката.