Почина пејачот на „Дивљи кестен“ Игор Старовиќ

By

Пејачот на популарната српска група „Дивљи кестен“ Игор Старовиќ почина по кратко боледување на 56 години.

dobivaj vesti na viber

Игор помина десет години во бендот „Дивљи кестен“ каде што беше пејач, композитор и аранжер. Групата е формирана во 1992 година за време на војната и веднаш стана миленик на публиката. Сними пет албуми и зад себе остави големи хитови. Групата беше многу популарна, одржа илјадници концерти низ Србија и во регионот и освои бројни музички награди.

Пред неполна година Игор и групата „Дивљи кестен“ ја добија наградата „Белградски победник“ за придонес и зачувување на традицијата во забавната музика.

Старовиќ по образование беше дипломиран археолог и оваа страст ја негуваше до крајот на животот. Заедно со музиката и археологијата негова голема љубов била и кошарката.

Ќе ви се допадне

play go88.vin lỗi rút tiền go88 app hack go88

sunwin renewable energy pvt ltd