Почина познатиот хрватски глумец Божидар Алиќ

Почина хрватскиот театарски и филмски глумец Божидар Алиќ, на 65 години после тешка болест. Македонската публика  го знае по неговите улоги во сериите “Најдобри години“, Забранета љубов“, Љубов во офсајт“, “Гордоста на Раткајеви“. Патување во Вучјак“, а има глумено и во филмовите: “Акција стадион“, “Семеен албум“, “Во логор“, “Пијанист“, “Црвено и Црно“…

Божидар Алиќ се обиде и како пејач, писател, а учествуваше и во синхронизација на цртана филмови.

Алиќ, Академија за драмски уметности заврши во Загреб, а се усовршуваше во театарот “Пиколо“ во Милано.

 

Scroll to Top