Почина првата детска ѕвезда на поранешна Југославија

Пејачката Зденка Вучковиќ, која важеше за првата детска ѕвезда во поранешна Југославија, почина на 78-годишна возраст. Таа починала по кратко, но тешко боледување. Вучковиќ се прослави покрај Иво Робиќ, со песната „Мала девојчица“, која на овие простори се памети како „Тата, купи ми ауто“.

Нејзиниот талент бил откриен на музички натпревар, а потоа учела и музичка школа. Знаела да свири и на хармоника. Во 1989 на Загребскиот фестивал се прости од музичката сцена, со песната „Одрасла је девојчица мала“.

Кога  Северина се појави на музичката сцена, многумина велеа дека роднини, оти една од сестрите на Северина се вика Зденка, но тие не се роднински поврзани. Во 1991 година тие заедно настапија со песната To Love Somebody.

Scroll to Top